Утрински Весник
Македонија

Пролет во Македонија: Продолжува топлото и сончево време преку ден

Meteoalarm.mk 9.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на Антициклон (поле на висок воздушен притисок и на стабилна  и сува воздушна маса од југ) до недела 1 март 2026 во Македонија времето ќе биде сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ветерот од северен и од северозападен правец значително ќе ја намали својата брзина  и својот интензитет.


Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат за неколку степени под нулата што значи утрата ќе бидат релативно ладни и со појава на слаб мраз а преку ден ќе биде пролетно топло со температури кои ќе бидат над просекот за крајот на месец февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу -1 и 3 степени а преку ден таа ќе се искачи до околу 14/15 степени.

Се на се, пред нас  и понатаму е стабилно, суво и сончево пролетно време со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот, па затоа ваквото време искористете го за уживање  и за прошетка во природа.

Можете да прочитате

Приведени двајца дрвокрадци во липковско, пронајдено огревно дрво без документација

Законот за правична застапеност ќе се носи со мал Бадентер

Ревизијата откри низа неправилности во Академијата за судии и обвинители