Утрински Весник
Свет

Патници им нудат пари на војниците на граничните премини во Австрија за да ги пуштат без тест

Патници им нудат пари на војниците на граничните премини во Австрија за да ги пуштат без тест

На граничните премини во Австрија војниците кои ги контролираат епидемиолошките мерки, односно документи како што се негативен тест за коронавирус или потврда за вакцинација од среда, сè повеќе се соочуваат со нудење мито од патниците кои сакаат да влезат во земјата без тие документи.

На главниот премин од Унгарија во Австрија, Никелсдорф, за 24 часа дури осум лица кои немале негативен тест се обиделе да ги поткупат војниците за да ги пуштат во земјата.

Тие им понудиле на војниците 10, 20 и 50 евра само за да ги пуштат во Австрија без потребните документи.

Негативните тестови за коронавирус сега се бараат повеќе од кога и да е, бидејќи тие се „билети“ не само за земјата, туку и за ресторани, хотели, фитнес-центри, базени…

Поради тоа тестовите се барани и на црниот пазар, а војниците на границите на Австрија речиси секој ден се соочуваат со фалсификувани документи, наведуваат од командата на Австриската армија.

Можете да прочитате

Иран запленил два контејнерски брода кои се обидувале да излезат од Персискиот Залив преку Ормуската Теснина

Тексас дозволи истакнување на Десетте Божји заповеди во училниците и покрај силните критики

ЕУ го започнува процесот на проширување по 12 години: Црна Гора направи голем чекор кон членството