Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб

Петре Шилегов без срам држи говор пред пожарникарите кои немаа возила за гаснење пожар, а плати дупло за противпожарна скала, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако денеска скопскиот градоначалник се обрати на одбележувањето на Денот на пожарникарите – 20 мај.

„Шилегов наместо да ги награди пожарникарите заработува со криминал на нивен грб“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, наместо јавен интерес, Шилегов работи за приватниот интерес.

„Противпожарно возило со скала кое во Загреб чини 800.000 евра, Шилегов го плаќа 1.7 милион евра, дупло поскапо. Тоа не е инвестиција, тоа е грабеж“, додава опозициската партија во реакцијата.

Оттука наведуваат со истите пари, Шилегов ќе купел возило, униформи, чизми и разна опрема, но тогаш немало да има изведувачи, подизведувачи и разни извршители како „Армор плус“ кои треба да се наплатат од милионскиот договор.

 

Можете да прочитате

Прво роденнден на партијата, па владина реконструкција, најави Мицкоски

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат

Акциска контрола на СВР Битола, казнети 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети