Утрински Весник
Македонија

Парични казни за 24 лица од Струмица за непочитување на полицискиот час

Девет казнени налози предложи ОЈО Радовиш

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Струмичкото јавно обвинителство Струмица до Основниот суд во Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози за 24 лица поради стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-Обвинетите за време на викендот, не ги почитувале одлуките и мерките на Владата, со кои се забранува движење на населението на територијата на државата. Со тоа, секој од нив, во одделни кривично правни настани, не постапил согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопшти денеска Обвинителството.

За секој од обвинетите, Основното јавно обвинителство предложи судот да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 или 20 евра во денарска противвредност.​​бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пожар во познат локал во центарот на Скопје – огнот брзо ставен под контрола

Рама: Албанија и ако стане членка на ЕУ нема да стави вето на Северна Македонија

Приведен турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч