Утрински Весник
Магазин

Парис Хилтон почнува кулинарска серија со селебрити-пријатели како гости

Парис Хилтон почнува кулинарска серија со селебрити-пријатели како гости

Парис Хилтон ќе има сопствена емисија за готвење на „Нетфликс“.

40-годишната наследничка на синџир луксузни хотели ги здружи силите со стриминг-гигантот за Cooking With Paris – базирана на нејзиното истоимено видео на „Јутјуб“. Серијата ќе се емитува на глобално ниво со шест получасовни епизоди и треба да почне на 4 август.

Во новиот проект Парис, која не е школуван готвач, ќе поканува славни пријатели во нејзиниот дом додека се обидува да им зготви оброк, пренесува „Вараети“.

Таа ќе биде и извршен продуцент на серијата, заедно со Адам Седмен, Ели Холцам и Ребека Херц.

Можете да прочитате

Турското крајбрежје ги нуди едни од најдобрите искуства за време на летните горештини

Дневен хороскоп за 10 Јули 2026 година

Истражување: Газираните сокови не само што дебелеат, туку и го забрзуваат стареењето