Утрински Весник
Свет

Парискиот надбискуп подносе оставка – имал афера со жена

Парискиот надбискуп подносе оставка – имал афера со жена

Папата Франциско ја прифати оставката на парискиот надбискуп Мишел Опети, откако тој призна дека имал афера со жена во 2012 година.

Во соопштението на Ватикан се вели дека папата ја прифатил понудената оставка на Опети и го назначил монсињор Жорж Понтие да служи на негово место.

Архиепископот Опети во денешното соопштение изјави дека понудил да се повлече за да ја спаси епархијата од поделби, кои сомнежот и губењето доверба би можеле да продолжат да ги предизвикуваат, пренесе АП.

Можете да прочитате

Европската комисија бара од Будимпешта да ги разјасни тврдењата за врските на Сијарто со Москва

Трамп тврди дека САД и Иран ги усогласиле клучните ставови

Два индиски танкера успешно го поминаа Ормускиот Теснец