Утрински Весник
Свет

Во Србија пристигна нов контингент вакцини од „Фајзер“

Во Србија пристигна нов контингент вакцини од „Фајзер“

Во Србија пристигна редовна испорака на вакцини против коронавирусот од компанијата „Фајзер“, соопшти Министерството за здравство.

Според информациите, пристигнале 155.610 дози од таа вакцина.

Вакцините се доставени до Институтот „Торлак“.

Инаку, во Србија се откриени 1.980 нови случаи на коронавирус, а 48 лица починале како последица на оваа болест. На респиратори има 177 пациенти.

Тестирани се 15.248 лица, а во болница се 3.798 пациенти.

Можете да прочитате

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети