Утрински Весник
Свет

Папата Франциско упати апел до светските лидери дипломатски да го решат конфликтот во Украина

Папата Франциско денеска повторно ги повика светските лидери да бараат дипломатско решение за ставање крај на конфликтот во Украина.

„Додека беснее лудилото на уништувањето и смртта и се разгорува конфликтот, поттикнувајќи сè поопасна ескалација за сите, го повторувам мојот апел до водачите на народот: Ве молиме, не го водете човештвото во пропаст!“, пренесува Си-ен-ен.

Папата Франциско повика на вистински преговори, конкретни разговори за прекин на огнот и одржливо решение.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја