Утрински Весник
Свет

Земјотрес во Јадранското море кај брегот на Албанија

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јадранското Море кај брегот на Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на три километри од Драч и на 30 километри од главниот град Тирана, според веб-страницата ЕМСЦ.

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.

Можете да прочитате

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока

Трамп ја повтори својата поддршка за Нетанјаху пред изборите во Израел