Утрински Весник
Свет

Папата Франциско одржа миса без маска на лицето

Папата Франциско одржа миса без маска на лицето

Папата Франциско започна со прославување на предвелигденската Света недела во Ватикан без вообичаено присуство на бројни верници и туристи. Ова е втора прослава на Велигден што ќе биде одбележана со патни ограничувања и безбедносни антиепидемиски мерки, објави АП.

Папата традиционално ги предводи неделните предвелигденски процесии на плоштадот Свети Петар, а потоа држи миса на отворено за десетици илјади верници. Како и минатата година, папата Франциско ја одржа вчерашната миса во црквата Свети Петар, на која присуствуваа само околу 120 верници, вклучително и чесни сестри. Беа почитувани мерките за физичко растојание и сите носеа заштитни маски, освен поглаварот на Римокатоличката црква.

Можете да прочитате

Русија развива застрашувачка ракета – 24info.mk

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел