Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Мафијата се обидува да профитира од пандемијата со Ковид-19

Папата Франциско: Мафијата се обидува да профитира од пандемијата со Ковид-19

Папата Франциско зазеде силен став против организираниот криминал, поддржувајќи ја минатогодишната иницијатива на Ватикан за одвојување на христијанските мотиви од групите за организиран криминал.

Многу членови на италијанската мафија се сметаат себеси за религиозна организација (слична на култ) која се потпира на помошта на светците и извршува обреди.

Папата предупреди дека мафиите ширум светот се обидуваат да профитираат од пандемијата со Ковид-19, пренесуваат светските агенции.

Според нив, во традиционалното неделно обраќање по молитвата, папата рече: „Мафиите се насекаде и со помош на корупција тие стануваат уште побогати за време на пандемијата. Тие ја заменуваат верата со идолопоклонство “.

Во април минатата година, на Велика среда, папата приреди специјална молитва за оние кои се справуваат со криминал во тешки моменти. Го замолил Бога да ги „допре нивните срца“ и да ги преобрати во верата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција