Утрински Весник
Спорт

Пављученкова е првата финалистка на Ролан Гарос

Пављученкова е првата финалистка на Ролан Гарос

Руската тенисерка Анастасија Пављученкова е првата финалистка на грен слем турнирот Ролан Гарос откако предмалку со 2-0 (7:5, 6:3) беше подобра од Словенката Тамара Зиданшек.

Во своето прво грен слем финале руската тенисерка за противник ќе ја има подобрата од дуелот Марија Сакари – Барбора Крејчикова кој штотуку започна.

„Уморна сум, но во исто време и многу среќна. Не беше лесно, се обидував да тренирам што посилно, да работам на тактичкиот дел. Сега е важно да останам фокусирана и на вистинскиот курс пред саботното финале“ рече Пављученкова по мечот.

На натпреварот беа видени 10 брејкови, по 5 во двата сета

Русинката Пављученкова која е 32-ра на ВТА листата до финалето стигна откако покрај Зиданшек ги елиминираше Сабаленка, Азаренка и Рибакина, сите три со резултат 2-1.

> Пављученкова е првата финалистка на Ролан Гарос <

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка