Утрински Весник
Македонија

Павле Беловски нов претседател на ССНМ

Павле Беловски нов претседател на ССНМ
Img 5587

Павле Беловски беше избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на Собранието кое се одржа во саботата. На Собранието кое за првпат се одржа онлајн Беловски едногласно беше избран за претседател на ССНМ каде го наследува Ѕвездан Георгиевски кој ја водеше организацијата во изминатите две и пол години.

На Собранието беше донесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните девет членови на 13, пред сѐ со синдикалните претставници од медиумите кои имаат формирано синдикални групи.

Img 5587

Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски и Теофил Блажевски кои учествуваа во работата на ИО и во изминатиот период, дел од Извршниот одбор на ССНМ во наредниот ќе бидат и Сунаи Сабриоски, Зоран Маџоски, Марина Илиевска, Тамара Чаусидис, Теодора Цветковска, Жарко Јорданоски, Перо Момировски и Игор Стефановски.

На Собранието беа разгледани и активностите на ССНМ во минатата година, од кои беа издвоени потпишувањето на Колективниот договор со МИА, низа јавни дебати и работилници, издавање на публикацијата „Новинарството како јавно добро“ и други тековни активности поврзани со работничките права на новинарите и медиумските работници.

Усвоен беше и приложениот финансиски извештај за работата на ССНМ за 2020 година, а беше усвоена и измена на Деловникот за работа на Собранието што се однесува за користење на електронска платформа за одржување на седници.

Ss1

Можете да прочитате

(Видео)Милановиќ за Пендаровски: Тој е вистинскиот човек за Македонија

Пендаровски од Центар: Единствен начин Сиљановска да победи на дуел е да настапи сама

Спасовски: Просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, грантови за млади и зголемени плати во здравството