Утрински Весник
Спорт

Павиќ и Мектиќ се повлекоа од Ролан Гарос

Павиќ и Мектиќ се повлекоа од Ролан Гарос

Хрватите Мате Павиќ и Никола Мектиќ, најдобриот дубл во тенисот, нема да играат на Ролан Гарос.

Павиќ и Мектиќ, од почетокот на сезоната победија на три турнири од Мастер серијата 1000. Две од тие три победи беа на земјана подлога, на Местерс турнирите во Монте Карло и Рим.

Еден од овие двајца бил позитивен на коронавирусот, поради што морале да го откажат настапот во Париз.

Организаторот објави дека на местото на Павиќ и Мектиќ, од 1.коло ќе настапи шпанската двојка Андухар-Мартинез.

> Павиќ и Мектиќ се повлекоа од Ролан Гарос <

Можете да прочитате

УЕФА ќе го тужи Инфантино

Македонската делегација го обжали поразот на Рустемовски

Познати сите учесници во групната фаза на Лигата на шампионите