Утрински Весник
Македонија

Охридски „Галеб“ повторно ги воспоставува меѓународните автобуски линии

Охридски „Галеб“ повторно ги воспоставува меѓународните автобуски линии

Охрид, 24 јуни 2020 (МИА) – Охридскиот автобуски превозник АД „Галеб“ повторно ги вопоставува редовните меѓународни врски со Белград и Нирнбег.

Првиот автобус од Охрид за Германија тргнува в сабота на 27 јуни, додека враќањето од Нирнберг е на 1 јули. Понатаму линијата за Германија ќе оперира според стандардниот распоред, двапати седмично и тоа во среда и сабота од Охрид и истите денови од Германија.

Исто така од од 28 овој месец повторно ќе биде воспоставена секојдневната редовна линија од Охрид до Белград.

Од „Галеб“ уште најавуваат дека ќе бидат повторно оперативни и неколкуте дневни линии за Скопје, и преку Кичево и преку Битола.

Сите линии беа времено запрени поради ситуацијата настаната со епидемијата на коронавирусот. аб/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?