Утрински Весник
Македонија

Откриени 32 мигранти кај Радовиш

Полицијата приведе 27 мигранти и двајца криумчари

Струмица, 17 февруари 2020 (МИА) – На локалниот пат меѓу селата Калуѓерица и Подареш, Радовишко, синоќа околу 19:30 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно моторно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 мигранти, соопштија денеска од СВР Струмица.

Од пронајдените мигранти девет биле од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, еден од Индија и едно лице од Турција.

– Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, се додава во соопштението на полицијата.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Детската клиника бележи најдобри резултати во историјата – најниска смртност од 2009 година

Сиљановска-Давкова постхумно ја одликуваше Наде Проева со Орден „8 Септември”

Владата информира за судска пресуда за концесијата за Иловица