Утрински Весник
Македонија

Отворен повик за младинска програма за онлајн активизам

Отворен повик за младинска програма за онлајн активизам

Здружението за едукативен развој – ЕКВАЛИС во соработка со ПИНА – Платформа за истражувачко новинарство и анализи отвораат повик за учесници на младинската програма за онлајн активизам. Програмата е отворена за млади од 15 до 30 години од територијата на град Скопје и истата ќе се одвива онлајн.

„Целта на оваа програма е да им понуди на младите заинтересирани за активистичко дејствување алатки за артикулирање на нивните гласови во онлајн просторот, да ги запознае младите со тоа како функционираат медиумите, а особено социјалните медиуми, како и да развие критички пристап кон медиумските пораки и информации со коишто младите се сретнуваат дневно“ – се вели повикиот.

Фокусот на оваа програма ќе биде ставен на осознавање на потенцијалите на интерактивноста и воспоставувањето двонасочна комуникација користејќи ги социјалните мрежи, особено преку Инстаграм (влогирање, вклучувања во живо, квизови, прашања од следбеници и останати мапирани интерактивни начини).

Младинската програма за онлајн активизам е предводена од експерти по медиумска едукација и медиумска писменост, но исто така во рамки на програмата гостуваат и говорници коишто имаат директни искуства поврзани со темите коишто се предмет на обработка на програмата.

Заинтересираните треба да го формуларот на следниот линк, најдоцна до 4 мај до 12 часот.

Првиот модул од оваа програма беше спроведен во периодот март и април и учесниците спроведоа медиумска кампања насловена како #спасзаучебнатагодина каде што беше покрената онлајн петиција, креирани мобилни видеа и графички решенија во коишто се вршеше следење на спроведувањето на онлајн наставата во основните и средните училишта.

Во овој втор модул на програмата ќе бидат обработувани две теми (избрани од страна на учесниците од првиот модул на оваа програма), а тоа се: перцепцијата на сопственото/туѓото тело и ЛГБТ+ инклузија. Онлајн сесиите се одржуваат на платформата Zoom, и се одржуваат по претходно доставен распоред. По секоја сесија се задава и индивидуална или групна работа како дел од програмата.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија