Утрински Весник
Култура

Отворена изложбата на Зоран Кардула во Крушево

Синоќа, на четвртиот ден од Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ беше отворена изложба на Зоран Кардула на која присуствуваа повеќе од 500 луѓе. Настанот продолжи со ди џеј перформанс на Томи Бојаџи.

dobivaj vesti na viber

Изложбата на Зоран Кардула ќе биде отворена 20 дена, а истата е инспирирана од познатиот филмски серијал „Стар ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден. Изложбата ја отвори професорот од Филолошкиот факултет Блаже Конески, Владимир Мартиновски.

Денес на програмата на „Десет дена Крушевска Република“ е влашката вечер која ќе се одржи на летната сцена во 21 часот.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“