Утрински Весник
Македонија

Осомничена мајката од случајот со вчерашниот пожар во Гостивар се товари за груба повреда на семејните обврски

Осомничена мајката од случајот со вчерашниот пожар во Гостивар се товари за груба повреда на семејните обврски

Мајката од случајот со вчерашниот пожар во Гостивар е осомничена поради груба повреда на семејните обврски поради што настапила смрт на нејзиното дете, информираат од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Од таму додаваат дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело повреда на семејни обврски, казниво согласно Кривичниот законик.

Осомничената, во текот на 2021 година, со груба повреда на своите законски семејни обврски го малтретирала своето дете на возраст од 7 години, кое го врзувала со синџир и катанец за креветот.

На 16 март во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар, a затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор за 36-годишната осомничена.

За наведеното кривично дело во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот, информират надлежните.

Според информации од таму, останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Ставот за прегласувањетo ДУИ ќе го формира со коалициските партнери од Европски фронт