Утрински Весник
Македонија

Основци од Скопје беа кај претседателот Пендаровски

Основци од Скопје беа кај претседателот Пендаровски
Ss2

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Ученици од  скопските основни училишта „Коле Неделковски“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ денеска беа примени и имаа можност да разговараат со претседателот на државата Стево Пендаровски во Вила Водно, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

– Учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Стево Пендаровски, да се информираат за неговата работа и надлежности, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните средби, како салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Посетителите се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот од кои беа информирани за историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Ss1

Учениците имаа можност да поразговараат и со полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот Пендаровски, која ги информираше за нејзините обврски и активности како висок воен претставник во неговиот Кабинет, како и со припадници од воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Северна Македонија, кои ги запознаа со функцијата, целите и задачите на нивната единица.

Отворен Кабинет е активност што овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани, институции и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет-страница на Претседателот http://pretsedatel.mk/otvoren-kabinet/ имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер  што ќе бидат реализирани во Кабинетот. хс/скс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

На помалку од една недела од двојните избори на 8 мај, партиите и коалициите продолжуваат со постизборни владини комбинаторики

Денеска е Велики петок – најтешкиот ден во годината

100 санкционирани возачи во Скопје