Утрински Весник
Македонија

Османи: Ќе го објавиме протоколот пред да го потпишеме

Министрот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека протоколот со Бугарија ќе го објават пред да го потпишат властит. Тој додаде дека во протоколот нема ништо спорно.

dobivaj vesti na viber

„ Ветувам, протоколот ќе го објавиме пред да ставиме потпис“ изјави Османи.

Тој исто така рече дека Бугарите не биле задоволни од договорот.

„ Тие не се задоволни, затоа што треба да признаат македонски јазик, официјално во Европската унија. Тие не се задоволни што нема поглавја, што нема одредници… единствено што добија е промена на Уставот за да бидат внесени Бугарите. Ништо повеќе нема во францускиот предлог како компромис, освен тоа“, рече Османи.

Можете да прочитате

Малолетници од Тетово запалиле македонско знаме, еден од нив го признал делото

Ревизорите со неповолно мислење за ДПИ: Само 148 инспектори на 313 предвидени места

Утрово голема акција на повеќе од 20 локации: Под истрага мрежа за шверц на цигари