Утрински Весник
Македонија

Османи на министерски состанок на ОН за мировни операции

Османи на министерски состанок на ОН за мировни операции

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе учествува на министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции, што ќе се одржи виртуелно, во организација на министерот за надворешни работи на Република Кореја, Чунг Еуи-јонг и министерот за национална одбрана, Су Вок, заедно со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Министерот Османи ќе се обрати на првата сесија “Одржување на мирот”, на која ќе бидат разменети мислења за соработката во делот на мировните операции во рамки на ОН, како и за превентивната дипломатија како основа за градење на мирот.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски формира нов сателит – ЗНАМ 2.0

Ми беше другар… си замина тивко, без поздрав – Калиопи се збогува од Владо Јаневски

Ноќен земјотрес ја стресе Македонија