Утрински Весник
Македонија

Османи му го честита на Хоти изборот за нов премиер на Косово

Османи му го честита на Хоти изборот за нов премиер на Косово

Скопје, 3 јуни 2020 (МИА) – Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска имаше телефонски разговор со новоизбраниот премиер на Република Косово, Авдула Хоти, при што упати честитки за изборот на новата Влада.

-Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата КОВИД-19, ова се добри вести кои навестуваат политичка стабилност, не само за Косово, туку и за целиот регион. Дозволете во името на Владата на Република Северна Македонија да Ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел, европската интеграција на двете земји и воошто на целиот регион, порача Османи, соопшти Секретаријатот за европски прашања. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни

Работникот меѓу платата, продуктивноста и нерамноправноста