Утрински Весник
Магазин

Оскар Исак и Мишел Вилијамс ќе глумат во адаптација на „Сцени од брачниот живот“

Оскар Исак и Мишел Вилијамс ќе глумат во адаптација на „Сцени од брачниот живот“

Оскар Исак  неодамна рече дека нема да глуми во високобуџетни филмови и дека планира да се фокусира на римејк на класици.

И се чини дека  ќе му се исполни желбата, откако „Варајати“ објави во четвртокот дека актерот ќе глуми со Мишел Вилијамс во адаптација на еден безременски филмски класик од 1973 година.

Исак и Вилијамс ќе глумат во „Сцени од брачниот живот“ (Scenes From a Marriage) на шведскиот режисер Ингмар Бергман, што ќе се прикажува на стриминг-платформата ХБО.

Адаптацијата на делото на шведскиот режисер за распаѓање на меѓусебната врска на една брачна двојка е нарачано како кратка серија од страна на ХБО.

Оригиналот на Бергман се емитуваше на шведската телевизија во шест епизоди, со Лив Улман и Ерланд Јoсeфсон во главните улоги.

Според „Варајати“ верзијата на „ХБО“ ќе ја преиспита визијата за љубов, омраза, желба, моногамија, брак и развод преку леќите на современа американска двојка.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител