Утрински Весник
Магазин

„Оскари“: Признание за најдобар филм по избор на корисниците на Твитер

„Оскари“: Признание за најдобар филм по избор на корисниците на Твитер

Фановите ќе можат да изберат победник на овогодинешното доделување на „Оскари“ без разлика дали филмот е номиниран.

Организаторите на церемонијата, наводно, се согласиле да му оддадат признание на филмот за кој гласале фанови од Твитер-заедницата, објави „Холивуд репортер“.

Почнувајќи од овој понеделник, корисниците на социјалната мрежа ќе можат да гласаат за нивните омилени филмови кои беа објавени во 2021 година – без разлика дали филмот е номиниран за „Оскар“ – користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite.

Филмот кој ќе добие најмногу гласови од фановите до 3 март ќе биде признат во текот на доделувањето на златните статуетки на 27 март.

Можете да прочитате

Седум здрави намирници идеални за есен

Загадувањето на воздухот, освен физичкото здравје може да ја наруши и човечката психа

Тешко будење, пад на концентрацијата и попладневен замор – што ни носи есента?