Утрински Весник
Свет

Орбан најави трета доза на вакцина против Ковид-19, ќе биде задолжителна за здравствените работници

Орбан најави трета доза на вакцина против Ковид-19, ќе биде задолжителна за здравствените работници

Унгарија ќе им понуди на граѓаните да ја примат третата доза на вакцина за коронавирус од 1 август, а имунизацијата ќе биде задолжителна за сите здравствени работници, изјави премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека лекарите ќе одлучат кои луѓе треба да ја примаaт третата доза на вакцината, пренесуваат регионалните медиуми.

Унгарскиот премиер прецизираше дека третата доза треба да следи најмалку четири месеци по втората, освен ако лекарите не дадат поинаков совет.

Шефот на Кабинетот на премиерот, Гергели Гуasас, претходно изјави дека сите вакцини што се користат во Унгарија се ефикасни и дека оваа земја сè уште е една од најбезбедните во Европа кога станува збор за ризикот од коронавирус.

Тој рече дека има и такви кои поттикнуваат недоверба во вакцините и со тоа ги изложуваат луѓето на ризик од смрт затоа што ги обесхрабруваат да не се вакцинираат, објавија унгарските портали .

Владата смета дека ваквите појави се крајно штетни и ги повикува политичарите и новинарите да го прифатат научното знаење.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори