Утрински Весник
Македонија

Општина Чешиново-Облешево не работи

Општина Чешиново-Облешево не работи

Кочани, 8 април 2020 (МИА) – Вработените во Општина Чешиново-Облешево денеска не се на работните места откако вчера официјално беше соопштено дека градоначалникот Горанчо Крстев е позитивен на коронавирусот.

Зградата на локалната самоуправа е затворена и во текот на денот екипи од Територијалната противпожарна единица од Кочани целосно ќе ја дезинфицираат.

Од општинската администрација информираа дека по добиените решенија сите ќе мора да направат тестирања, за што е изготвен и распоред на термините.

Поради вонредната состојба вработените во општината и претходно работеа со скратено работно време, а сите активности беа сведени на минимум, односно се извршуваа само неодложните законски и итни постапки. Поради намалениот обем на работа, во изминатиот период немаше ниту објави за јавни набавки, со што се олеснети и обврските на службите во Општината, кои во наредниот период ќе работат од дома.

Редовната седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево е планирана кон крајот на месецот, но најверојатно ќе се одржи преку интернет врска, за што од Владата веќе е добиено одобрение. та/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”