Утрински Весник
Македонија

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност,

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност,
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет., напиша лидерот на СДСМ Зоран заев на својот фејсбук профил по повод 27-годишнината од приемот на земјава во Обединетите нации.

-Република Северна Македонија 27 години членка на ООН. На денешен ден се навршуваат 27 години од нашето членство во Организацијата на Обедитените Нации, најголемата и најзначајна светска организација. Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност, од целиот свет, пишува заев на Фејсбук.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Ако членството во ООН во далечната 1993 година, како што додава, беше остварување на нашиот државнички стремеж, денес членството во НАТО и преговорите со ЕУ е остварување на нашиот стремеж Република Северна Македонија да биде рамноправен партнер и сојузник на развиениот демократски свет.

-Денес, Република Северна Македонија е признаена и препознаена како слободна, демократска земја – држава пријател на регионот и светот, пишува лидерот на СДСМ Зоран Заев. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија