Утрински Весник
Македонија

Општина Струмица ќе субвенционира купување велосипед

Општина Струмица ќе ги решава само итните и неодложни барања
Ss2

 

Струмица, 1 јуни 2020 (МИА) – Општина Струмица од денес почна со субвенционирање за купување велосипеди во износ од педесет проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од четири илјади денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, соопшти денеска градоначалникот Коста Јаневски.

-Општината објави јавен повик, со кој сметаме дека ќе го стимулираме возењето велосипед. Повикот се однесува на субвенционирање на граѓаните кои во наредниот период ќе купат нов велосипед, со тоа што општина Струмица ќе рефундира педесет проценти од вредноста која нашите сограѓани ќе ја потрошат за купување. Изборот е нивен и нема повластени трговски оператори, но субвенцинирањето е до максимални 4 илјади денари, односно до исцрпување на средствата кои се определени за таа намена, рече градоначалникот Јаневски.

Img 5587

Вкупниот износ кој ќе го субвенционира општината изнесува околу 800 илјади денари, а оваа мерка ќе важи до 30 септември годинава. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Градоначалникот Јаневски информираше дека се планира изградба на два вело-паркови на локации во градот. Покрај тоа, ќе биде извршено бележење и изградба на инфраструктура за велосипедистите, за која, во поголем дел, е подготвена техничка документација. рт/дма/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)