Утрински Весник
Македонија

Општина Куманово повторно постави средства за дезинфекција на јавни површини

Општина Куманово повторно постави средства за дезинфекција на јавни површини

Куманово, 20 март 2020 (МИА) – На неколку локации во градот, денеска по втор пат беа поставени средства за дезинфекција на рацете, информираат од Општина Куманово.

Досега извршена е дезинфекција и на двата плоштади, Занаетчискиот дом, на улиците низ градот, во училиштата, урбаната опрема, автобуските постојки, детските катчиња, тениските игралишта, катната гаража и другите јавни површини, како заштитна мерка против состојбата со коронавирусот во Куманово.

– Почитувани сограѓани, да останеме дома, да ги почитуваме препораките на Владата на Република Северна Македонија и на Општина Куманово. Нашата дисциплина и разумност се најбитни во овие моменти. Да останеме дома, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на заедницата, велат од општината.ам/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни