Утрински Весник
Македонија

Опожарено возило во движење на автопатот Тетово-Скопје, нема повредени

Опожарено возило во движење на автопатот Тетово-Скопје, нема повредени

Тетово, 27 јуни 2020 (МИА) – Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка мерцедес со гостиварски регистарски ознаки.

– Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје.   Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така мерцедес, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје. ас/оџ/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил во движење се запалил во близина на ГП Ќафасан

СДСМ: Нов скандал во Владата на Мицкоски – Јанушев со фирма во Бугарија?

Уапсени две лица во Скопје – во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, возачот управувал без возачка дозвола