Утрински Весник
Македонија

Он лајн дискусија „Функционирањето и имплементацијата на јавните политики за кризен менаџмент, заштита и спасување„

Он лајн дискусија „Функционирањето и имплементацијата на јавните политики за кризен менаџмент, заштита и спасување„

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Онлајн дискусија на тема „Функционирањето и имплементацијата на јавните политики за кризен менаџмент, заштита и спасување“ ќе се одржи денеска во организација на Факултетот за безбедност-Скопје при УКЛО и Американскиот центар заазование во рамки на Клубот за креатори на јавни политики за безбедност и меѓународни односи.

Главни говорници на дискусијата ќе бидат Марјан Ѓуровски професор на Факултетот за безбедност-Скопје и проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски”, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џаферовски и Националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи Павле Трајанов.

– Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики за кризен менаџмент, заштита и спасување засновани врз принципите на функционалност, поголема координација, субординација, инклузивност и опфаќање широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори поефикасно на постојаните ризици и закани од глобален, мултидимензионален карактер и домашен карактер, смета, меѓу другото, професор Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје.

Се очекува  говорниците да се осврнат на искуствата и предизвиците пред кои се соочени при справувањето со пандемијата и функционирањето на безбедносниот систем на земјата.

Преку оваа активност е постигната целта за поттикнување на активностите во високото образовните и во овие вонредни околности со цел мотивирање на студентите преку електронска комуникација, информира проректорот на УКЛО проф.д-р Марјан Ѓуровски иницијатор на проектот за онлајн клуб за креирање на јавни политики.

Сесиите вклучуваат предавања и дискуии од експерти, носители на одлуки и професори од земјава и странство, споделување  практики за донесување одлуки, пишување трудови, симулации и евентуални посети на институции кога ќе се создадат услови за тоа. За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование. цр/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол