Утрински Весник
Скопје

Отстранети 10 тони опасен хемиски отпад од кругот на Клиничкиот центар

Csdcdsc.avif.avif

Десет тони опасен хемиски отпад, кој повеќе од десет години бил складиран во кругот на Клиничкиот центар, е безбедно отстранет, информираат надлежните институции. Процесот на дислокација е реализиран во согласност со утврдените безбедносни процедури.

Од Институт за јавно здравје посочуваат дека за материјалот навреме биле известени сите надлежни институции, објави 4news.mk Според нивните информации, станувало збор за токсичен, лесно испарлив и запалив отпад, кој во одредени околности можел да предизвика сериозна хаварија.


Оттаму предупредуваат дека ваквиот материјал претставувал директен ризик по здравјето на граѓаните и по животната средина. Можни последици, како што наведуваат, се труење, иритации на кожата и очите, респираторни проблеми, оштетувања на органи и долгорочни заболувања.

Сериозноста на случајот, кој траел повеќе од една деценија, била разгледувана и на владина седница. Влада на Република Северна Македонија донела заклучоци за формирање меѓуресорска работна група, во која е вклучен и Државен инспекторат за животна средина, со цел процесот на отстранување и управување со опасниот отпад да се спроведе брзо, координирано и во согласност со сите безбедносни стандарди.

Можете да прочитате

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје – подната фонтана повторно ќе блесне

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од дрвјата паднати во невремето