Утрински Весник
Македонија

Утре и задутре следува нова кратка промена на времето и врнежи

Meteoalarm.mk 34.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во деновите недела  и понеделник претпладне (8/9 март 2026) во Македонија повторно ни следува краткотрајна помала промена на времето со зголемување на облачноста  и со локални врнежи од дожд со слаб до умерен и со умерен интензитет. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува  и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.


На повисоките планини пак со надморска височина од над 1600/1700 метри ќе провејува снег.

Во Скопје  и околината во погоре споменатиот период исто така ќе има повеќе облачност со услови за послаби врнежи од дожд а ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Температурите пак во овие два дена преку ден ќе бидат малку пониски но сепак и покрај ова тие ќе бидат релативно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 14  и 16 степени.

Можете да прочитате

Инфраструктурните проекти и стратешкото партнерство во фокусот на средбата Николоски – Варнс

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте