Утрински Весник
Македонија

Ужас во Кисела Вода: Со пиштол пукал кон сопругата, ги нападнал и трите ќерки

Policija.jpg

На 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(55) одСкопје поради сомнение дека од пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нашаднал 24-годишната ќерка. 

Според пријавеното, на 01.03.2026, по претходна расправија во домот, тој од пиштол испукал еден куршум кој завршил во прозорецот, по што отишол кај 24 и 18-годишната ќерка, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка. Како што е пријавено, тој насилното однесување го повторил околу 22:30 часот на 05.03.2026, при што повторно со пиштол се заканувал на сопругата, но бил спречемн од ќерките да не го употреби.  


Б.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Николоски: Имаме силен раст од 23 % имаме во карго железничкиот превоз од почетокот на годината

Нови правила на патарините: М-картата повеќе нема да може да се користи на М-таг лентите

Акција на МВР во Куманово и Тетово: 114 казни, седум уапсени за безобѕирно возење