Утрински Весник
Свет

Олимпискиот оган го започна своето патување дo Токио

Олимпискиот оган го започна своето патување дo Токио

Олимпискиот оган го започна своето 121-дневно патување низ Јапонија до Токио, каде што на 23 јули ќе се одржи церемонијата на отворање на одложените Олимписки игри.

Факелот тргна од североисточната префектура Фукушима, област која беше уништена од земјотресот во 2011 година, цунамито и топењето на трите нуклеарни реактори, пренесува „Ројтерс“.

Прв носител на факелот беше Азуса Ивашимизу, клучен играч на јапонскиот тим кој го освои Светскиот куп на жени во 2011 година, опкружен со уште 14 члена на тој тим и тренер. Сите беа облечени во бели тренирки.

Церемонијата беше затворена за јавноста поради страв од ширење на Ковид-19, но беше пренесена во живо.

На навивачите им беше кажано да се оддалечат од патот додека поминува факелот, како и да се воздржат од гласно навивање. Организаторите рекоа дека ќе ја запрат или пренасочат штафетата ако метежот стане проблем за време на четиримесечното патување.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск