Утрински Весник
Македонија

Од утре наоблачување, со дожд и снег на повисоките места

Од утре наоблачување, со дожд и снег на повисоките места

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Утре ќе настапи наблачување, а во попладневниот период ќе започнат врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Од север ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови значително заладување и врнежи од снег на планините и наповисоки теместа, каде ќе се формира снежна покривка.

Засилување на ветерот ќе има и преку ноќта и во понеделник, кога температурата ќе биде значително пониска. Во понеделник и вторник врнежите ќе бидат од снег и на некои пониски места особено во северните делови. сст/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за српски пејачи, неизвесност за македонските лозари

Притвор за возачот на Јанушев, барал мито од 1500 евра „да среди“ вработување