Утрински Весник
Спорт

Одличен и рутински старт на патот до Евро 2022, во Скопје „падна“ Финска

Одличен и рутински старт на патот до Евро 2022, во Скопје „падна“ Финска

Македонската ракометна репрезнтација со убедлива 33:24 победа над Финска ги стартуваше квалификациите за Европското првенство во 2022 година, рутински добивајќи го реално послабиот противник пред вистинските тестови со Данска и Швајцарија.

Финците први дојдоа во водство, и го оддржуваа темпото во првите 15 минути игра (5:5), пред македонската репрезентација предводена од капитенот Кирил Лазаров и Филип Кузмановски да направат предност од шест гола на полувреме (16:10). До крајот, момците на селекторот Данило Брестовац не дозволија пад на концентрацијата за крајна победа од +9 гола.

Лазаров повторно беше „столбот“ на нашата репрезентација со 11 постигнати голови, Кузмановски додаде шест, а по четири постигнаа Жарко Пешевски и Бојан Маџовски.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2022, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА 7

Македонија – Финска 33:24 (16:10)

Данска – Швајцарија, одложено

Фото: ЕПА

> Одличен и рутински старт на патот до Евро 2022, во Скопје „падна“ Финска <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0

Радовиш во знакот на борењето: Јубилејниот 50-ти „Македонски бисер“ ја обедини регионалната боречка елита 

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Турција