Утрински Весник
Свет

Грција ги зголемува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот

Грција ги зголемува мерките за спречување на ширењето на коронавирусот

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, се очекува да објави нови мерки насочени кон спречување нов пораст на инфицираните со Ковид-19, соопштија владини претставници.

Грција пријави помалку случаи од повеќето европски земји, но бројот на заразени постепено се зголемува од почетокот на октомври, што ја натера владата повторно да воведе мерки, објави „Ројтерс“. Според податоците на Министерството за здравство, регистрирани се 2.646 случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување од првиот случај во февруари.

Мицотакис се очекува да ги објави мерките утре по консултација со здравството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги демантира информациите за негова оставка

Багеи: ЕУ е лицемерна кога го обвинува Иран за правото на самоодбрана од американската агресија

Нетанјаху нареди напади врз предградијата на Бејрут, Аун ја осудува „злобната израелска агресија“