Утрински Весник
Спорт

Одбиена жалбата на Интер, мораат да го играат мечот против Болоња

Одбиена жалбата на Интер, мораат да го играат мечот против Болоња

Италијанскиот олимписки комитет (ЦОНИ) пресуди дека актуелните шампиони Интер ќе мораат да го одиграат одложениот меч против Болоња, отфрлајќи ја жалбата на „нераѕурите“.

Мечот на „Ренато Дал’Ара“ во Болоња требаше да се одигра на 6 јануари, но беше откажан откако тимот на Синиша Михајловиќ не се појави на теренот поради повеќе позитивни случаи на КОВИД, по што локалната здравствена организација не им дозволи да патуваат до стадионот.

Интер бараа службена 3:0 победа, но Гарантниот борд на ЦОНИ ја отфрли нивната жалба и нареди мечот да се игра на 27 април. Истиот случај е и со Аталанта, кои имаа слична жалба за неодиграниот меч со Торино.

> Одбиена жалбата на Интер, мораат да го играат мечот против Болоња <

Можете да прочитате

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија

Истанбул ќе биде домаќин на дербито Турција – Македонија

Лазаревски: Наша обврска е да го дадеме максимумот