Утрински Весник
Магазин

„Оглас од милион долари: Лос Анџелес“, Трејси Тутор се одушеви од дворец во Аризона

„Оглас од милион долари: Лос Анџелес“, Трејси Тутор се одушеви од дворец во Аризона

Брокерката за недвижности Трејси Тутор беше одушевена од сè што го виде во домот на еден богат клиент во вторникот во епизодата на познатото шоу „Огласи од милион долари Лос Анџелес“ .

Во дворецот „Бела парадизо“ што се протега на имот од 20.000 квадратни метри во Paradise Valley (Рајска долина), Аризона, брокерката видела просторија толку убава што морала да застане и да се присобере пред да продолжи понатаму.

Дворецот има четири огромни спални соби, 12 бањи, свечена трпезарија, пространа кујна и сала за балови.

Цената на овој дворец во близина на планината Камелбек е 1.6 милиони долари, ѝвели сопственикот за Трејси во епизодата.

А ова е плакарот на „Бела парадизо“ ѝ рече тој пред да пристапат кон еден огромен простор.

„Овој плакар е врвно женско совршенство. Категоризирано, одделено со прегради за секоја сезона во годината. Сè што ви треба е тука, вели Трејси и додава: Во просторот се слуша тивка музика како од порно филм и има меко пригушено осветлување.

„Треба само да се омажиш за сопственикот“, се пошегува продуцентот на Трејси, која штотуку се разведе.

Трејси Тутор е врвен агент за недвижности во агенцијата Douglas Elliman во Беверли Хилс, консултант на некои од најдобрите светски архитекти и програмери. Таа е прва и единствена жена во актерскиот тим на популарното шоу Bravo’s Million Dollar Listing LA. Дванаесеттата сезона на шоуто започна во јуни.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес