Утрински Весник
Македонија

Облачно и дождливо со температура до 26 степени

Времето ќе биде облачно, со услови за дожд и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни проследени со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне во делови од Скопската котлина ќе има услови за повремен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од среда следува стабилизирање на времето.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“