Утрински Весник
Свет

Обилните дождови во Јемен урнаа голем број куќи, а загинаа 38 лица

Најмалку 38 лица загинаа откако обилните дождови низ југозападниот дел на Јемен и главниот град Сана предизвикаа поплави и урнаа многу куќи, соопштија денеска официјални лица.

dobivaj vesti na viber

Десетици куќи во Сана и провинциите Дамар и Иб беа целосно уништени или сериозно оштетени.

Тие области се под контрола на јеменските бунтовници Хути, кои се во војна со силите лојални на меѓународно признатата влада на земјата, која е поддржана од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, пренесе АП.

Годишната сезона на дождови во Јемен обично започнува во мај и трае до август, но оваа година, најсиромашната земја во арапскиот свет забележа пообилни од вообичаените дождови, придружени со грмотевици.

УНЕСКО денеска изрази загриженост поради влијанието на врнежите врз стариот град Сана, светско наследство, пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Русија и Јордан предупредуваат на опасност од регионална ескалација

Директните напади меѓу Иран и Израел завршија

Гутереш: Крајно време е да се запре опасниот циклус на одмазда на Блискиот Исток