Утрински Весник
Македонија

Обвинителството за организиран криминал отвори предмет за софтверот на Рашковски

Обвинителството за организиран криминал отвори предмет за софтверот на Рашковски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска отвори предмет по допрен глас во врска со набавката на софтверот за определување на просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни.

Станува збор за софтверот кој за потребите на МВР го набавил Генералниот секретаријат на Владата, во времето на Драги Рашковски, а кој не е во употреба иако бил платен 81.000 евра.

„Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на софтверот од страна на Генералниот секретаријат на Владата, обвинителството отвори предистражна постапка, при што предметниот обвинител издаде повеќе наредби за прибирање на потребната документација“, се наведува во соопштението на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во него се додава и дека МВР до обвинителството доставило известување во врска со нивното постапување во случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори 

Во Охрид почина деветмесечно бебе