Утрински Весник
Македонија

Обвинение против 23-годишната велешанка која изврши убиство бранејќи се од семејно насилство

Обвинение против 23-годишната велешанка која изврши убиство бранејќи се од семејно насилство

Велешкото Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 23-годишна велешанка за кривично дело убиство на миг.

Во соопштението се потсетува дека обвинетата на 29 септември минатата година, во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на семејно насилство, го лишила од живот А.Р. со кого живеела во вонбрачна заедница.

„Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави.

Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до смрт кај А.Р.“, објаснуваат од обвинителството.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетата, заедно со обвинението е доставен и предлог за продолжување на куќниот притвор определен за обезбедување на присуството на обвинетата во текот на кривичната постапка.​​

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје