Утрински Весник
Македонија

НУ Народен театар-Битола подари 300 заштитни маски во Клиничка болница-Битола

НУ Народен театар-Битола подари 300 заштитни маски во Клиничка болница-Битола

Битола, 8 април 2020 (МИА) – Професионалните шивачи вработени во НУ Народен театар-Битола изработија и подарија 300 заштитни маски.

Шивачите од битолскиот театар заштитните маски ги подготвувале неколку денови за како што посочуваат на белите мантили да им го честитаат Светскиот ден на здравствените работници и ги охрабрат во борбата против корона вирусот.

Во меѓувреме НУ Народен театар-Битола продолжува со прикажување онлајн театарски претстави одиграни на матичната сцена. мт/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

10 возачи уапсени затоа што возеле без возачка, меѓу нив и двајца малолетници

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар