Утрински Весник
Спорт

Норис ја освои пол-позицијата во Сочи

Норис ја освои пол-позицијата во Сочи
Dik 300x250 mk

Ландо Норис ќе стартува од пол-позицијата, во пресрет на трката за Големата награда на Русија. За младиот Британец ова е првата пол-позиција во кариерата. Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кои доминираа на тренинзите и во првите две квалификациски сесии, квалификациите ги завршија на четвртото односно седмото место.

Возачите кои рескираа со софт варијантата на пневматици, на крајот профитираа. Квалификациите се возеа по дожд и во такви услови Хамилтон и Ботас беа недопирливи на врвот.

Во последните три минути кога патеката беше сува на одредени делови, сите се решија за софт пневматици.

Норис со време 1:41.993 минути ја освои пол-позицијата. До него од првиот ред ќе стартува Карлос Саинц од Ферари. Колегата на Хамилтон од наредната сезона, Џорџ Расел, го освои третото место.

Во третиот ред, зад четвртиот Хамилтон ќе стартуваат Даниел Рикадо (Мекларен) и Фернандо Алонсо (Алпин).

Ботас е во четвртиот ред заедно со Ленс Строл (Астон Мартин).

Лидерот во генералниот пласман, Макс Ферстапен, кој ќе стартува од последната позиција, воопшто не возеше во квалификациите.

> Норис ја освои пол-позицијата во Сочи <

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони