Утрински Весник
Македонија

Ахмети се попиша: „Ве молам сите да се попишете“

Ахмети се попиша: „Ве молам сите да се попишете“

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети ги пречека попишувачите во својот дом и упати апел до сите граѓани да се попишат.

„Денес бев домаќин ма попишувачите во мојот дом и заедно со моето семејство станавме дел од пописот на населението во нашата земја. Ве замолувам не двоумете се и попишувајте се сите, резиденти и нерезиденти, во земјата и во дијаспората, заедно со секој член на вашето семејство“, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Попишувањето се одвива до 30 септември, додека од денес сите оние кои не се попишани од различни причини во својот дом, истото можат да го направат во општината во која живеат.

Можете да прочитате

13 години замижувале, а сега ќе испадне дека никој не е виновен – револт на татко кој го загуби детето во „Пулс“

Заловени 96 крави во Крива Паланка, АХВ пријавува опструкции од поранешните сопственици

Зејнула: Целта е трговијата на Македонија со Турција да достигне 2 милијарди евра до 2027 година