Утрински Весник
Спорт

Нов пораз на Леванте – Алавес победија со гол во 91.минута

Нов пораз на Леванте – Алавес победија со гол во 91.минута

Фудбалерите на Леванте и по 13.коло немаат победа во Ла Лига. Седмиот пораз во првенството Леванте го доживеа од Алавес (2:1). Херој на Алавес е Хоселу кој ги постигна двата гола. Екипата чии дрес го носи Енис Барди е последна на табелата со само шест бода.

Леванте, во Виторија, водеше од 13. до 77. минута со голот на Де Фрутос. Алавес израмни од пенал преку Хоселу, а истиот играч во 91.минута стави точка на натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за Леванте.

> Нов пораз на Леванте – Алавес победија со гол во 91.минута <

Можете да прочитате

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција