Утрински Весник
Македонија

Нов повик за маркети кои сакаат да доставуваат производите за време на викенд полицискиот час

Нов повик за маркети кои сакаат да доставуваат производите за време на викенд полицискиот час

Тетово, 14 април 2020 (МИА) – Кризниот штаб при Општина Тетово за спречување на ширење на коронавирусот објави нов повик со цел да се пријават уште сопственици на маркети и економски оператори на општинската територија за да вршат достава на намирници во текот на забраната за движење од петок од 17:00 часот до вторник до 05:00 часот. Заинтересираните имаат рок за пријавување до четврток до 12:00 часот.

Сите маркети и економски оператори кои се заинтересирани да доставуваат производи за итни случаи за време на полицискиот час во текот на викендот, со минимум двајца вработени (со сертификат М1 / М2), потребно е да испратат барање до седиштето на кризниот штаб при Општина Тетово на следната електронска адреса: info@tetova.gov.mk или да поднесат барање до архивата на Општина Тетово, најдоцна до четврток во 12:00 часот. Барањето во електронска форма можете да го најде на интернет страницата на општината, информираат од Општина Тетово.

На маркетите кои беа претходно избрани им е дозволено да продолжат со работа сè до престанокот на вондредната состојба.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”